Ковачевски за договорот со ФРОНТЕКС: Јас го одржав моето ветување, а своето ветување го одржа и ЕУ

Договорот со ФРОНТЕКС којшто го потпишавме на македонски јазик е голема победа за нашата држава и доказ за постоењето и заштитата на нашиот идентитет и македонскиот јазик. Јас го одржав моето ветување, а своето ветување го одржа и ЕУ бидејќи е доверлив партнер на нашата држава, кажа премиерот Димитар Ковачевски, од седницата за пратенички прашања во Собранието.

-Договорот со ФРОНТЕКС којшто го потпишавме на македонски јазик е голема победа за нашата држава и доказ за постоењето и заштитата на нашиот идентитет и македонскиот јазик. Јас го одржав моето ветување, а своето ветување го одржа и ЕУ бидејќи е доверлив партнер на нашата држава. Вчерашното потпишување на Договорот со ФРОНТЕКС, којшто е првиот официјален договор потпишан помеѓу Северна Македонија и ЕУ по започнувањето на преговорите, е вистински пример за тоа како во реалноста изгледа исполнувањето на вакви ветувања“, рече Ковачевски.

Ковачевски рече дека граѓаните повторно можат да видат „кој е веродостоен партнер кој ќе ги изнесе на европски пат, а кој се користи со лаги и манипулации за да сее страв и несигурност и да ја поткопа довербата во институциите и вербата во Европа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e