„Јас повеќе очекував, веќе кога се говори за енергетика, производство на електричната енергија, за формирање на цени, овде да биде гостин да биде Христијан Мицкоски, како универзитетски професор и советник на Груевски“, изјави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Според него, цената на електричната енергија не е формирана во вакум или не-вакум период.
„Добри познавачи на енергетиката знаат дека на 30.06, универзалниот снабдувач ЕВН-Хоум имаше распишано јавна објава за набавка на електрична енергија за периодот од 1-ви јули до 31.12. Нашата компанија АД ЕСМ учествува на оваа јавна набавка исто како и минатата година на 1-ви јули, односно на секои 6 месеци. Согласно законот, ние имавме можност да учествувам 75 % на Лот-1 и 25% на Лот-2. Првиот Лот е законска обврска, за вториот Лот како компанија и држава немаме обврска, но одлуката беше пред 30.06 да се оди на двата лотови со вкупно 100 % снабдување кон ЕВН Хоум со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата. Исто така лага и манипулација е дека тоа се правело предизборно или постизборно“, вели Ковачевски.