Ковачевски – Стојменова Дух: Се интензивира соработката меѓу Северна Македонија и Словенија во дигитализацијата

Во рамки на посетата на Словенија, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски остварија средба и со Емилија Стојменова Дух, министерка за дигитална трансформација која има македонско потекло.
03042023_pvrsm_kovachevski_2
На состанокот е разговарано околу интензивирање на поддршката од Словенија во процесот на дигитализација на нашата држава, посебно во областа на поврзувањето меѓу државните институции, со бизнис заедницата од областа на информатичкото општество, во сферата на е-Влада, во дигитализацијата на јавната администрација.

Премиерот Ковачевски рече дека споделувањето на словенечките искуства и позитивните практики во областа на дигитализацијата се значајни за Република Северна Македонија, во процесот на европските интеграции, но и на домашен план.

339306058_552096190361329_1515780801546105967_n
-Ме радува тоа што министерката ја прифати мојата покана, да биде наш гостин и да ни ги пренесе искуствата во процесот на дигитална и зелена трансформација во земјоделството. Покрај успешните примери со искористеноста на ИПАРД програмата и развојот на малите семејни винарии, од нашите пријатели во Словенија ќе го црпиме искуството и за спорведувањето на дигиталната трансформација на МЗШВ, нагласи министерот Николовски.
339093452_775292263824050_2272642803053646358_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e