Ковачевски: Со поддршка на ЕУ отвораме најголем форензички оддел во регионот, нашата борба со криминалот е бескомпромисна

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на отворање на нов објект за форензички испитувања, во рамки на Министерството за внатрешни работи. По тој повод премиерот Ковачевски имаше обраќање пред присутните, кое ви го пренесуваме интегрално:

„На почетокот сакам да упатам честитки до припадниците на Министерството за внатрешни работи, што од денеска добиваат најсофистицирана и најсовремена опрема, зграда и сè што е потребно за најдобри услови за работа, а нашата држава ќе биде препознатлива по тоа што добива најголем објект за форензички испитувања во регионот. За прв пат во историјата на службата за форензички испитувања во Република Северна Македонија, на вакво високо ниво ги унапредуваме условите за работа на припадниците на МВР, од друга страна овие модерни и добро опремени форензички лаборатории, ќе бидат корисна алатка на полицијата и правосудниот систем во борбата со криминалот, што ќе резултира со поквалитетна истрага и зголемена откривачка дејност. Ова овозможува нашата полиција да биде во чекор со современите постапки, европски практики и стандарди.

Овој концепт на форензичка служба ги отвора вратите на нашите професионалци-форензичари непречено да учествуваат и во регионални и меѓународни проекти, но е и можност за продлабочување на соработката со форензичките служби од државите од регионот и Европската Унија.

Сакам да ја поздравам и заложбата на сите чинители, посебно Европската Унија која континуирано вложува и средства, и знаење и едукација во државните институции, за што поажурно и поуспешно справување во борбата со криминал и корупција.

Инвестицијата на овој современ објект кој е во рамки на ИПА програмата изнесува над 3,5 милиони евра. Ова е уште еден показател дека ЕУ ја поддржува нашата бескомпромисна, континуирана и постојана борба со криминалот и корупцијата. Нашите политики за реформа на истражните институции, правосудството, обвинителството, создавање слободни и независни институции, вклученост на граѓанските здруженија и медиумите во тие процеси, не се само декларативна промоција на политичка волја за битка со криминалот, туку се реалност.

Граѓаните, како крајни корисници на услугите на овие лаборатории, ќе почувствуваат најголем бенефит имајќи предвид дека ефикасноста на судските постапки не може да се замисли без служба која ќе биде независна, неутрална, ефикасна, навремена и професионално оспособена, усогласена со барањата на истрагата и истовремено ќе ги исполнува стандардите на современа форензичка институција.25102023_pvrsm_kovachevski-3-1536x1024

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e