Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, во своето обраќање на Самитот „Отворен Балкан” во Белград, истакна дека соработката во рамките на Отворен Балкан не е замена за ЕУ.
Ковачевски нагласи дека таа соработка ќе помогне земјите од Отворен Балкан да се справат со глобалната енергетска и кризата со храна.
Со продлабочување на соработката и договорите кои се потпишани и тиа што на овој Самит ќе се потпишат ќе се овозможи полесно да се надмине кризата во земјите учеснички во иницијативата, рече Ковачевски.
Тој истакна дека иницијативата е европска, и се базира на политиката на отворени врати.
Ако сме добри за нас, ќе бидеме добри и за Европа и светот, нагласи премиерот Ковачевски.
Наша цел треба да биде, не само административно отварање на границите, туку и целосно безгранична соработка, потенцира Ковачевски.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Белград, во Палата Србија го отвори Самитот „Отворен Балкан”, каде што учествуваат премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на претседателството на БиХ, Тегелтија и премиерот на Црна Гора, Абазовиќ.
Меѓу гостите на Самитот се и унгарскиот претставник Петар Сијарто, како и миниатерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу. Во салата меѓу гостите се и поранешноит американски амбасадор во Македонија, Кристофер Хил, како и претставникот на Фондацијата Сорос, Александар Сорос.