Ковачевски: Од клучна важност е да ги разбиваме стереотипите за лицата со Даунов синдром

-Им го честитам меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром. Мојата поддршка кон нив е безусловна и секогаш ќе стојам рамо до рамо во секоја нивна животна битка. Од клучна важност е да ги разбиваме стереотипите за лицата со Даунов синдром, да ги прифатиме и поддржиме, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, по повод светскито ден на лицата со Даунов синдром.
-Луѓето со Даунов синдром се топли, љубезни и весели личности – да им го направиме такво и секојдневието. Како општество имаме должност да им обезбедиме подобри услови за образование, за работа, за живот. Владата останува посветена на унапредување на нивните права и обезбедување на подобри услови на секое поле, порача премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e