Во моментов во Европа се случува најголемата криза по секој основ која во моментов не може да се предвиди до каде ќе се продлабочува, истакна премиерот Димитар Ковачевски во емисијата 24 анализа на ТВ24.
„Ако ја гледаме цената на нафтата во последните пет дена, таа дневно расте по 100 долари, што значи дека и денес ќе имаме корекција на цената на нафтените деривати кои ги увезуваме. Очекувам тоа да биде по нагорна линија и тоа е резултат на војната што се води во Украина. Тоа предизвика диснбаланс на светските берзи, пред се на енергенсите и електричната енергија. Само ја зголеми и продлабочи кризата и влијаеше на цената на храната на светските берзи. Најголем дел се зголемени за над 50%. Тоа предизвика негативни економски последици кај нас“, посочи Ковачевски.