Ковачевски – О’Брајан: Македонија постигна многу, важно е да продолжи на патот кон членство во Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Париз се сретна со помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.

Ова е прва средба на премиерот со новоименуваниот помошник-државен секретар, кој стапи на должност минатиот месец. На средбата Ковачевски и О’Брајан го реафирмираа значењето на цврстото стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД. Покрај билатералните односи, на средбата се разговараше и за други актуелни теми за регионот и пошироко.

Премиерот Ковачевски го запозна помошник-секретарот О’Брајан со најновите внатрешнополитички случувања во Северна Македонија и со надворешнополитичките приоритети на Владата.

Беше потврдена важноста на Северна Македонија како фактор на стабилност и безбедност во регионот и споделена неопходноста за непречено продолжување на патот на нејзиното европско интегрирање, што е во интерес и на САД.

Помошник-државниот секретар О’Брајан го реафирмира ставот дека САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција, НАТО и зајакнувањето на демократијата. Го поздрави досега постигнатиот напредок на земјата во повеќе области и изрази очекување земјата да продолжи на патот на прогресот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e