31 година градиме цврсто и искрено пријателство со Република Словенија. Го продлабочуваме партнерството и соработката, и ги разгледуваме можностите за дигитализација на земјоделството и потенцијални инвестиции во преработувачката индустрија.
-Словенија е наш позитивен пример од каде го применивме концептот за развој на малите семејни винарии, како и искуството во искористеноста на ИПАРД средствата за модернизација на земјоделството. Нашиот фокус во иднина се агро-еколошките мерки и акредитација на ЛИДЕР, рурални кредитни модели, и реформа во шумарството, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.