КОВАЧЕВСКИ И НИКОЛОВСКИ НА ЗАКРОЈУВАЊЕ НА ЛОЗЈЕ ВО КАВАДАРЕЧКО

Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозје во кавадаречкото село Ресава.

Овој настан се одржува по повод верскиот празник Св. Трифун, светецот заштитник на лозарите и винарите.

 По завршувањето на официјалниот дел од настанот, предвидени се изјави за медиуми на премиерот Ковачевски и министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e