Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски се придржува до принципот нулта корупција, со оглед на тоа дека корупцијата е најголемиот проблем во било која држава.
Корупцијата прво го уништува системот на вредности во една држава и оние коишто се чесни ги прави наивни, а оние коишто се нечесни се сметаат како снаодливи, истакна Ковачевски.
Ковачевски нагласи дека никогаш нема да застане во одбрана на оние коишто имаат некаква квалификација за одредено дело.
Меѓутоа, исто така, ги повикува сите институции коишто се задолжени за борба против криминалот и корупцијата и како МВР, Обвинителството и целиот судскиот систем да си го завршат својот дел од работата.
„Целиот систем мора да функционира, сите да си ја сработат својата работа, да ја зголемат транспарентноста и да ја зголемат ефикасноста во работењето“, потенцираше Ковачевски.