Ковачевски најави изградба на гасна централа

Република Северна Македонија веќе донесе одлука за влегување во проектот Александрополи, што е терминал за течен гас. На тој начин ќе имаме диверзификација на изворот на гас со што ќе се намали цената, посочи премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека преку тој терминал ќе се задоволат 100 отсто од потребите за гас кои Северна Македонија ги користи.

„Освен тоа, во Енергетската стратегија има и изградба на ветерни паркови и фотоволтаични централи, за што се отворени проекти од приватни инвеститори, како и државни инвестиции на старите наоѓалишта во Осломеј, каде што веќе е изградена фотоволтаична централа“ истакна Ковачевски.

Ковачевски соопшти дека во план е и изградба на гасна централа, за што ќе се собираат понуди од странски инвеститори, а се разгледуваат и можносите за трансформација на постојните термоелектрани во гасни електрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e