Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше срдечна средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на Потпретседателката на САД Камала Харис.
Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО, истакна Ковачевски.
„Државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ.
САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците“, посочи Ковачевски.