Ковачевски избран за мандатар на идната Влада

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на социјалните мрежи соопшти дека на вечераниот ЦО на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната Влада.

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ“, напиша Ковачевски, додавајќи дека партијата ќе се реорганизира.

„СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, пишува во објавата на Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e