Ковачевски: Ги повикувам сите пратеници да ги усвојат измените на Законите за ДДВ и за акцизи веднаш

Премиерот Димитар Ковачевски ги повика пратениците да гласаат за пакетот мерки за ублажување на последиците од кризата.
-Ги повикувам сите пратеници да ги усвојат измените на Законите за ДДВ и за акцизи веднаш, ова е сега најголемиот приоритет. Мора сите заедно, да дадеме максимум и да обезбедиме брза и итна имплементација на сите мерки кои ќе значат заштита на животниот стандард и ликвидност на компаниите, порача тој.
-Измените на Законот за ДДВ и Законот за акцизи се денес е на дневен ред во Собранието. Нивното усвојување ќе овозможи да се реализираат дел од планираните мерки од пакетот со 26 мерки кој го донесовме неделава со кои пред сѐ ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата, дециден е Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e