Ковачевски: Да се биде на вистинската страна значи да се избере патот на мирот и напредокот

Да се биде на вистинската страна, значи да се избере патот на мирот и напредокот. Денес, повторно, нашата денешна битка е токму таква – да продолжиме по патот на мирот и прогресот, без да дозволиме кој било, што било и било кога да ни го попречи овој пат, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната манифестација во Куманово организирана по повод 11 Октомври – Денот на народнот востание.

Осврнувајќи се на историјата, Ковачевски рече дека и во поновата македонска историја е задржан континуитетот да се биде на вистинската страна.

– Застанавме на вистинската страна и во 2018-тата година, со потпишувањето на Договорот од Преспа, по што станавме 30-тата полноправна членка на НАТО. Денес, во услови на мировните закани во глобален контекст, се сфаќа вистинското значење на оваа тешка, но единствено исправна одлука, со којашто ги зацврстивме територијалнит е граници на нашата држава на европската и светската мапа, рече Ковачевски.

Пред предизвикот сме, додаде премиерот, да ги реализираме и европските интеграции и да станеме полноправна членка на Европската унија.

– Европската Унија, јасно и гласно, во документите, преку европските лидери и на дело, во формалната комуникација што е достапна на сите граѓани, секојдневно, но и трајно го потврдува признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ја имаме целосната поддршка и во развојот на нашата мултиетничка граѓанска држава. Недвосмислено се почитува и нашето практикување на европски вредности во унапредувањето на добрососедските односи. Се вреднуваат и нашите определби со коишто се поставивме целосно на линија на политиките на ЕУ, во поглед на позициите во војната во Украина, нагласи Ковачевски.

Порача дека Владата е подготвена да ја предводи државата на патот кон целосно зачленување во ЕУ, со целосна цврста и трајна заштита на националните и државните интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e