Предвидени се програми во рамки на буџетот наменети како резерви и се донесе одлука ЕСМ да ги стави во погон сите прозводствени капацитети со кои располагаат и во моментот работат двата блока во РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино со еден котел,работи и Когел и ТЕ ТО од кое се откупува комплетната енергија од страна на ЕСМ, посочи премиерот Димитар Ковачевски во емисијата 24 анализа на ТВ24.
„Со тоа се задоволуваат потребите на сите домашни потрошувачи преку ЕВН Хоум и на малите потрошувачи, додека електричната енергија произведена од обновливите извори на енергија што граѓаните ја гледаа во нивните сметки на резиденцијалните потрошувачи, се донесе одлука да се префрли, да може да ја користат деловните субјекти“, истакна Ковачевски.
Ковачевски потенцираше дека буџетот ги предвидува и задолжувањата на буџетот и на домашниот и на странскиот пазар и тие се во рамките на проекциите.
„Во текот на годината се прават буџетски пренамени. Владата одговорно пријде кон решавањето на проблемите и ефикасно се донесени одлуки. Се работи за кризна година, а сега и за криза најголема по Втората светска војна и од тие причини работевме на други мерки за заштита на граѓаните“, нагласи Ковачевски.