На средбата со социјалдемократите во Европскиот Парламент попладнево отворивме неколку важни прашања за Северна Македонија и регионот, напиша Премиерот Ковачевски на Фејсбук.
„Дискутиравме за ситуацијата во Украина и нашата позиција на осуда на руската агресија, нашата целосна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, учеството во санкциите и за предизвиците за нашата земја кои се предизвикани од продлабочувањето на економската криза.
Политките кои ги имплементиравме преку антикризните мерки беа препознаени од европарламентарците како прогресивни и развојни, но и како мерки кои го штитат стандардот на граѓаните.
Интензивниот и суштински дијалог со Бугарија го оценивме како единствениот начин кој ќе донесе решенија, а притоа ќе го има предвид достоинството на граѓаните од двете држави“, стои во статусот.