Мартин Костовски од СДСМ во емисијата 24 анализа истакна дека апсолутно како партија, ценат дека денешното барање на опозицијата е уште еден нивен памфлет и обид за кочење на работата на Собранието.
– Ревносноста и одговорноста на работата на претседателот на Комисијата за надворшни работи, Милошоски многупати беше под знак на прашање. Умно го користеа процесот на неработа на Комисијата. Преговорите со Бугарија да се стават на дебата расправа в Собранието е непотребно, зошто и двете министерства за надворешни работи потенцираа дека немаме пишан документ , се работи на доближување на ставовите и едно прифатливо решение. Црвените линии се поставени од нша страна. – рече Костовски.