Костадиновска-Стојчевска: Платите во култура задоцнија оти беше злоупотребен недела неработен ден

Најактуелно во сферата со културата е спорот со синдикатите од културата кои бараат да се зголеми платата, но од друга страна пари нема оти тоа зголемување на платите би го чинело буџетот 4,5 милиони евра.

-Дијалогот со синдикатите продолжува оти решение мора да се најде. По дури 19 години е потпишан колективниот договор. Од 2017 година платите во културата се зголемени ќетири пати. Верувам дека со синдикатите ќе изнајдеме решение, но сепак се работи за плати кои се далеку над минималната. Само три струки од технички карактер во културата имаат плати помали од минималната и ќе се усогласат, вели Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура во Владата на РСМ за Утрински брифинг.

Синдикатите велат дека културните работници во институциите работат под тешки услови, излоени на мобинг, пониско вреднување, доцнење на платите.

-Тоа со доцнење на платите се случи поради недела неработен ден. Имавме ситуација кога во музејската дејност имавме девет чувари кои работеле во недела а се продадени минимален број карти. Работата во културата е поврзана и сите заедно треба да работат за да се најде заедничко решение, вели министерката.

Таа додава дека е точно оти се зголемени животните трошоци, но можностите се такви какви што се. Предлогот на Министерството беше да се зголемат тие плати што се под минималните а другите плати да останат исти, да не се намалуваат. Ќе треба да се направи нов колективен одговор, вели министерката за култура.

-Јас морам да изнајдам средства за тие плати кои тие самите си ги пресметале. Еден од нивните предлози беше да се скрати од капиталните инвестиции што мене не ми се допаѓа, оти колку треба да се вложува во човечкиот капитал треба да се вложува и во културните институции. Без ребаланс можеме да намалиме само 20 отсто од капиталните инвестиции. Мораме да ги репарираме покривите на Музеј на современа уметност и Архивот, вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека имало и предлог да се намали програмата на институциите за да се зголемат платите. Сите имаат право да побараат поголема плата, но при четири зголемувања на плата во период кога некои културни работници не работеа малку е тешко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e