Најавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против потврдувањето на одлуките за прогласување на вонредна состојба од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди деструктивноста и неодговорноста на оваа партија. Денеска, повторно се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски се води единствено од политички популизам и воопшто не им е грижа за интересите на граѓаните и државата. – порача денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.
За потсетување, вонредната состојба беше исклучиво во интерес на граѓаните и неопходна за брзо делување на Владата и институциите, за менување на закони кои овозможија поголема ефикасност на извршната власт во носење мерки и политики за справување со последиците од коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните, во ситуација кога имавме распуштено Собрание и преодна Влада со мандат за организирање парламентарни избори.
Истовремено, вредно е да се напомене дека и Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука за прогласување на вонредна состојба и ги отфрли сите поднесени иницијативи во однос на уставноста на петтата одлука за прогласување вонредна состојба. Со тоа, Уставниот суд ги расчисти сите дилеми околу уставноста на одлуките.-рече Костадинов.
Потврдувањето од страна на Собранието на одлуките за прогласување вонредна состојба е во интерес на граѓаните, на институциите, на државата. Денеска, видовме дека ВМРО-ДПМНЕ упорно стои на спротивната страна. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски остануваат посветени на деструкција, неодговорно и незрело однесување кое на штета на Собранието, на државата. Без разлика на сите обиди за опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, државата продолжува по патот на развојот и напредокот во интерес на сите граѓани.- заклучи портпаролот на владејачката партија.