Костадинов: Потребна ни е политичка Влада која ќе превземе одговорност и Парламент делегиран од народот

Треба да ги имаме во предвид роковите и законите, но пред се здравјето на граѓаните. Ако Здравствената Комисија и стручните лица ги даваат препораките за избори во прв можен рок по спласнување на панемијата, тогаш зошто не избори. Не случајно Хрватска и Србија имаат закажно избори, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното гостување на ТВ Алсат децидно појаснувајќи го ставот дека изборите – сето тоа се прави кога кризата е најлесна за менаџирање

Ако се отворат границите бројот на заразени лесно ќе расте. Потребна ни е политичка влада, делегирана, која ќе превземе одговорност, потребен ни е Парламент делегиран од народот, а за тоа ни се потребни избори, порача Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e