Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов на новинарско прашање во врска со драфт верзијата од Венецијанската комисија, во врска со Законот за употреба на јазиците, посочи дека мислењето се уште не е официјално.
„Непринципиелно е да коментираме драфт верзија, секако мора да оставиме Венецијанската комисија официјално да излезе со нејзиното мислење, потоа ќе може да коментираме. Зошто не го коментираме? Од причина што се уште постои комуникација помеѓу институциите и Венецијанската комисија во однос на насоките, мислењата, а со тоа се потврдува дека може да претрпи промени до официјалното објавување на нивното мислење, секако ќе оставиме простор да излезе официјалното мислење на Венецијанската комисија, потоа ќе можеме конкретно да ги коментираме нашите ставови“, истакна Костадинов.