Одговорност за здравствената криза имаме сите како индивидуи, порача портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното издание во „Само вистина“ на ТВКанал 5.
Колку се грижите за здравјето видовме од лидерот Христијан Мицкоски кој еклатано ги кршеше препораките за време на полициски час со одењето во теретана па мораше Чулев да го брани дека тоа било отсјајот, појасни Костадинов.
Дека Мицкоски се јавувал во МВР да се заканува на вработени да го заташкаат случајот „Теретана“ кажува за одговорноста, колку ним им е гајле за здравјето на граѓаните, за економијата, а за демократијата и да не правиме муабет, децидно се прозинесе Костадинов.