Меѓународни релевантни институции оценуваат дека Северна Македонија најлесно ќе се справи и ќе има најслаби последици по економијата од корона епидемијата, порача портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното издание во „Само вистина“ на ТВКанал 5.
СДСМ како партија сме фокусирани на мерки кои се во функција на граѓаните и справување со економските последици од епидемијата и истите ги доставуваме до Владата, појасни Костадинов.
Ковид-1 линија предвидува 6 милиони евра и е целосно искористена. Ковид-2 линијата заврши и аплицираа1.200 компании. Мерката „исплата на минимална плата“ ја искористиле 19. 022 комании – што секако е за почит, ги презентираше Костадинов мерките за помош на економијата.
Портпаролот на СДСМ информираше и дека во тек е Ковид-3 линија со која се предвидуваат платежни картички за граѓаните, за домашните компании погодени од кризата, за туризмот, за земјоделството.