Костадинов кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Се борите против Северна ама парите од Северна не ви сметаат

Пратеникот Костадин Костадинов во своето обраќање на конститутивната седница на новото Собрание порача дека ВМРО ДПМНЕ ги буди духовите од 27 април!

„Навистина на почетокот од оваа конститутивна седница верував дека никој од присутните нема , ако не друго, барем да се обиде да ги разбуди духовите од крвавиот „27 април“ кога се бираше претседател на Собранието.“ – рече Костадинов.

Тој упати реплика кон кон неговито колега од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

„На кои идеали и ветувања сте посветени, велите?! Ветувавте дека ќе се борите против Преспанскито договор и зачувување на вековното име, за сега да земате плата и седите во фотељите на Парламентот без ниту грам помисла да смените нешто на тој план. За вашиот образ и ветувања меродавни се резултатите од изборите.“ – му порача Костадинов нагласувајќи дека Николоски нема кредибилитет да зборува оти само во Струмица изгуби близу 4.000 гласови разлика.

„Струмичани гласаа за искреност, за дела, за многу работа. Веројатно не можат да се соочат со фактот дека не 4 можеби и 8 години ќе бидат опозиција. Немате еден единствен став по најкрупните национални прашања. Се борите против Северна ама парите од Северна не ви сметаат.“ – порача Костадинов кон колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e