Костадинов кон Мисајловски: Не можам да толерирам непознавање, предлагање на амандмани кои се веќе во завршна фаза на реализација

Собранието се очекува до крајот на денот да го донесе вториот ребаланс на Буџетот за годинава. Пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство го користат последниот ден расправа за ребалансот на Буџетот да ги вкрстат ставовите во однос на економијата во ситуација на пораст на бројот на болните од Ковид-19, како и начинот како земјата да се справи со тоа.

Коста Костадинов од СДСМ реплицирајќи му на Мисајловски рече дека во Собранието е потребно конструктивност и оти треба да се разговара отворено за се.

– И да имаме јасно изградени ставови затоа што се работи и станува збор за две спротиставени страни. Токму заради таа конструктивност бевте и вие дел од Комисијата за финансирање и буџет, во моменти кога беа оправдано отстутни колеги од ВМРО-ДПМНЕ јас ги образлагав нивните амандмани. Но, не можам да толерирам непознавање, предлагање на амандмани кои се веќе во завршна фаза на реализација, за проекти кои веќе постојат, за кои СДСМ мислел порано од вас. За дел од нив апсолутно сте во право и беа поддржани од мнозинството, рече Костадинов.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат дополнителни 644 милиони денари за поддршка на општините. Од нив 500 милиони денари одат директно за финансирање на капитални проекти, а 144 милиони денари се наменети за јавните претпријатија. Тоа е вистинска грижа за граѓаните, порачаа пратениците од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e