Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов , објави дека од неговата плата ќе купи три лап топ компјутери за семејства кои имаат потешкотии да обезбедат соодветна онлајн настава за своите деца.
„Лично ќе одвојам дел од мојата плата за набавка на 3 лап топ компјутери за семејства кои не можат тоа да си го дозволат. Го повикувам и Наум, но и сите функционери во Северна Македонија, да се издигнеме над дневно партиските интереси и да помогнеме таму каде што е тоа најпотребно. Време е за солидарност, време е да бидеме луѓе, наместо да се делиме на партии, етникуми, по вера, по боја“, објави Костадинов.
Во својата објава тој му реплицираше и на Наум од ВМРО-ДПМНЕ кој го прозвал во врска со објавената фотографијата на неговиот профил.
„Ја разбирам фрустрираноста на човек кој нема пријатели, нема со кого да сподели моменти, да прошета, да го помине слободното време…Имено, не можам да ставам во анкетен лист нешто што не е мое. А кога сме кај справувањето со Ковид19, знае јавноста, срамота е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за тоа“, напиша Костадинов.