„Ниту еден државен службеник не троши буџетски, народни пари за партиската кампања којашто ја спроведуваме, но секако ред е тоа што сме го сработиле да навистина го презентираме пред граѓаните, секако пред нашето членство. Затоа што навистина веруваме и ние, а со нашите посети не уверуваат и граѓаните дека навистина Република Северна Македонија е на прав пат“.
Вака денеска Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, одговори на новинарско прашање и додаде дека како партија тие имаат обврска да поднесуваат финансиски извештаи и јавноста ќе може да има увид во нив.