Костадинов: Кадрите од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада се рефлексија на стравот од пораз на изборите

Не им е на ВМРО-ДПМНЕ до здравјето на граѓаните. Би сакал да верувам дека им е до здравјето, но нивното делување како политички субјект не изгледа така. Кадрите од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада се рефлексија на стравот од пораз на изборите, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното гостување на ТВ Алсат.

Мицкоски јавно пред граѓаните на почетокот на кризата излезе и рече „СДСМ Бога моли да има Корона за да не излегуваме на улиците со граѓаните и рече дека не потребна водредна состојба. Во пикот излегуваа на прес-конференции да обвинуваат дека СДСМ прават криминали, го појасни Костадинов однесувањето на опозицијата за време на корона-кризата.

Уште еден аргумент – доколку се толку државотворни зошто заменик дополнителниот министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада не потпишува проект вреден 90 милиони евра – средства од Светска Банка за справување со здравствената криза. Сето ова алудира на едно  – очигледен е стравот од пораз, порача Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e