Костадинов: Инсистираме на компромис, но не по цена на желбите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски

Верувам во здравствените власти, во Комисијата. СДСМ максимално ги почитува здравствените власти и препораките од кризниот штаб. Знате дека се изготви и Протокол за водење на кампањата. Доколку бројките на заразени пораснат далеку од памет е организирање на избори, но мора да знаеме дека за сите политички ентитети најбезбедно и најдобро е изборите да се одржат кога ситуацијата со епидемијата е најлесна за контролирање, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното гостување на ТВ Алсат потенцирајќи дека Зоран Заев аргументирано настапил на лидерската средба во однос на датумот за претстојните избори.

Законот го дозволува тоа. Ќе дадеме шанса и инсистираме на компромис, но не по цена на желбите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, рече Костадинов.

Тие може да ги бојкорираат изборите, но на на гласачкото ливчеќе го има нивниот број потврден од ДИК, појасни Костадинов.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e