Костадинов: Ако ВМРО-ДПМНЕ упорно бега – мора да ги почитуваме законите за избори кои се јасни

СДСМ како партија, на лидерската средба преставувана од лидерот Зоран Заев се залага за три значајни приоритети: се бори за здравјето на граѓаните, за трансформација на економија и се разбира функционирање на демократијата во државата, порача портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното гостување на ТВ Алсат.

Костадинов нагласи дека СДСМ се залага за функционални институции, вклучително и функционално Собрание како коректор и носител на законите.

Прво од законски аспект се предвидува дека по завршување на вонредната состојба имаме 22 дена за организирање на изборите. Секако дека како партија даваме шанса на дијалогот, даваме можност да се договориме. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно бега од соочување не ни останува ништо друго освен да ги почитуваме законите кои се сосема јасни, рече Костадинов кој потенцираше дека опозицијата барала мислење од Комисијата за заразни болести и од ОБСЕ и ги добила насоките за избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e