Коп: Она што се случи на последниот самит на ЕУ е разочарување, но не е драма

„Она што се случи на последниот самит на ЕУ е разочарување, но не е драма. Она што треба да се случи е да продолжиме. Позицијата на мојата земја Холандија не е променета. Ние бевме за започнување на пристапните преговори и сè уште сме“.

Ова во интервју за РСЕ го изјави холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

– Нашата цел, намери, проекти и процеси ќе останат исти, а тоа е да се придвижи оваа земја поблиску до ЕУ и во одреден момент да влезе во ЕУ. Тој момент претпоставувам не е толку далеку. Не зависи само од нас. Зависи и од другите земји членки. Но, важната порака во овој момент е продолжете. Продолжете со реформите. Продолжете да ја носите земјата поблиску до тој момент кога ќе може да ги започнете преговорите и што повеќе направите сега, помалку ќе треба да направите кога ќе започнат преговорите. Стартот на преговорите ќе биде само почеток на долг процес за кој ќе бидат потребни многу години. Така што јас ќе кажам не очајувајте, ќе се случи, а во меѓувреме продолжете со реформите, вели Коп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e