Конститутивен состанок на клубот на пратенички, Ѓулумсер Касапи од СДСМ избрана за координаторка

Денескa, Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија одржа конститутивен состанок на кој за координаторка беше предложена и избрана пратеничката од СДСМ, Ѓулумсер Касапи, а беше договорено пратеничките од парламентарните партии, да делегираат членки на претседателството на клубот.

Во следниот четиригодишен мандатен период за членки на претседателството беа делегирани и избрани: Лилјана Кузмановска и Емилија Александрова од ВМРО ДПМНЕ, Ирена Стефоска како независна пратеничка, Лилјана Поповска од ДОМ, Соња Мираковска од НСДП, Шпреса Хадри од ДУИ, Теута Биљали од БЕСА, Татјана Прентовиќ и Мери Лазарова од СДСМ и Даниела Рангелова од ВМРО ДПМНЕ, по функција како претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија.

Клубот на пратенички ќе делува со заедничка и единствена цел да иницира законски решенија за постигнување на родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување во државата како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e