Имаме конкретен план за нашите земјоделци. Имаме јасна визија и цел. 1.35 милијарди евра за капитални инвестиции и директна финансиска поддршка за земјоделците. Имаме конкретни мерки за да обезбедиме рекорден принос за зголемено производство домашна храна, и извоз од 1.25 милијарди евра. Планираме 100 милиони евра преку Програмата за рурален развој. Поддршката за секој еден земјоделец продолжува, Николовски од денешните средби со земјоделците од светиниколско.


