Откако Ивица Коневски, член на ВМРО-ДПМНЕ, јавно изјави дека е време за промена во партијата, веднаш реагираше Димче Арсовски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Конески имаше одговор и на реакцијата од Арсовски со што веднаш возврати со следните зборови:
„Мицкоски, по твоето огласување преку официјалниот портпарол, станува јасно каков човек ја води партијата.
По мојот изнесен став, ти го тераш портпаролот да пишува ниски лаги и клевети за мене.
Со тоа само потврдуваш дека ти и твојот тим немате капацитет да се справите со искрените критики, упатени за доброто на ВМРО-ДПМНЕ.
Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата“, посочи Коневски.