Кондовски: Добивме жолт картон, но ги слушаме граѓаните и заедно ќе постигнеме победа

Ме изненади делот од црната кампања од опозицијата, драстични навреди кон мене, кон мојата личност, едни до вчерашни пријатели, другари, познаници, соработници, откри кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ Христо Кондовски во гостувањето на ТВ24. Тој најави дека ќе продолжи со позитивната кампања и дека она што го добива како впечаток на граѓаните, како потреба и желба ќе го сработи, бидејќи тоа е само потврда дека целата програма е правена според барањата на граѓаните.

Тој додаде дека од аспект на излезеноста е потфрлено и граѓаните не излегле масовно на овие избори.

-Во делот на мојата кампања и во делот на мојата понуда јас се гордеам затоа што од едно непознато лице од реалниот сектор, од бизнис секторот за многу брзо време ги надминавме и самите гласови на партијата, тоа на крајот на денот е добро во еден дел, но не е добро тоа што се испорача во делот на партијата на СДСМ, добивме жолт картон како што вика премиерот Заев и сега ќе сработиме понатаму во тој дел, ќе ги слушнеме брзо граѓаните, кажа Кондовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e