Иако е мирна ситуацијата, луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход, апелираа од Комисијата за заразни болести.Засега нема ново олабавување на мерките за спречување зараза од ковид-19. Планирано е да се интензивира кампањата за вакцинација преку пласирање научно проверени информации на социјални мрежи и медиуми. Целта е соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.
Од Комисијата за заразни болести соопштија дека ќе продолжат внимателно да ја следат актуелната состојба и ако постои можност ќе предложат постепено релаксирање на мерките.