Колку изнесува просечната плата во Германија?

Просечната бруто плата во Германија изнесува 3.646 евра бруто. Тоа е за 130 евра повеќе отколку во 2021 година. Мажите заработуваат повеќе од жените. Просечниот приход на мажите е за 365 евра поголем од оној на жените.

Сојузната агенција за вработување ги објави новите податоци за висината на платите. Овие бројки не само што го покажуваат просечниот приход во земјата, туку ги објаснуваат и разликите во приходите во одделни сојузни држави и оние меѓу мажите и жените. Половина од испитаниците заработуваат над 3.646, а другата половина помалку од таа сума. Сепак, треба да се напомене дека статистиката ги зема предвид само приходите на редовно вработените кои плаќаат придонеси. Значи, ако работите со скратено работно време, не влегуваат во овој просек. Додека многумина добија пониски плати поради краткорочните бенефиции за време на пандемијата, многумина забележаа дека нивните приходи повторно се зголемија минатата година. Во зависност од работното место, постојат големи разлики меѓу просечните плати. Особено високи плати во Германија заработуваат лекари, пилоти и машински инженери.

Највисок просечен приход е регистриран во Хамбург со 4.127 евра, потоа Баден-Виртемберг со 3.977 евра и Хесен со 3.938 евра. Најмал просечен приход е исплатен во источногерманските региони: Мекленбург-Западна Померанија (2.935 евра), Тирингија (2.945 евра) и Саксонија-Анхалт (2.993 евра).

Инаку, Германија има потреба од работна сила и од увезува од странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e