Mинистерот за економија Крешник Бектеши во „10 Минути“ на ТВ21 вели дека петтиот сет економски мерки ќе има развојна компонента и нема да биде како претходните, имајќи во предвид дека тиe главно беа насочени кон зачувување на работните места, помагање на зголемување на ликвидноста на компаниите, а имаше и компоненти кои придонесоа за зголемување на конкурентноста на одредени гранки на индустријата.
„Развојната компонента ќе биде во насока на тоа компаниите да бидат проактивни, да покажуваат резултати во текот на 2021 година а со тоа секако дека и државата ќе стои позади каде што ќе ги награди на некој начин тие компании кои во нивните извештаи за 2021 ќе имаат позитивни резултати во делот на зголемување на работните места, во исто време и зголемување во делот на приходите“, порача Бектеши.
Тој додава дека веќе е утврдено во Владата согласно разговорите со стопанските комори дека ќе продолжи мерката за финансиска поддршка на плати за вработените во приватниот сектор со претходните механизми.
„Ќе биде скалезна поддршка од 14.500 до 21.767 денари, но секако ќе има поддршка и за медиумите, тутунарите, директна поддршка за сите граѓани а посебно за тие категории на граѓани кои повеќе имаат потреба и имаат пониски примања“, додава Бектеши.