Кој е Александар Тодоровски, кандидат за градоначалник за Општина Илинден од СДСМ и коалицијата?

Александар Тодоровски е роден во Скопје, во 1979 година. Своето образование го завршува во Скопје, а живее и работи во својата матична општина Илинден. Меѓу граѓаните во својата општина е познат како бизнисмен и сопственик на неколку компании кои се занимаваат со увоз, извоз и продажба на нафта и нафтени деривати. Уште како студент на Политички студии на Фон Универзитетот, тој паралелно се вклучува и во семејниот бизнис. Во 2009 година се вклучува во партнерски бизнис во компанијата ,,Госв-Транс.

Во 2011 година самостојно ја основа компанијата ,,Ган Петрол Оил“, а потоа и компанијата ,,Транслеад“. Многу брзо, како млад и перспективен бизнисмен, неговите компетеници за партнерско работење ги препознаваат странските компании ,,Consortio International“ и ,,Elite Interlink“ од Бејрут, Либан со кои има соработка. Оваа соработка ја поттикнува идејата да основаат партнерство со соработниците од Бејрут со вложување во заедничка инвестиција и формирање на нова компанија ,,Green Life“ во 2017 година која се занимава со увоз, извоз и продажба на прехрамбени продукти со седиште во Бејрут. Сето ова му овозможува поврзување на двете држави и основање на Либанско-македонски бизнис совет кадешто Александар Тодоровски е претседател, а со овој целокупен труд тој даде значаен придонес во бизнис секторот на нашата држава и е од клучно значење за афирмација и соработка со неколку земји од Блискиот Исток.
Освен професионалните компетенции, лидерски способности и достигнувања во бизнис секторот, тој е и семеен човек, оженет и татко на две деца. Активно се служи со англискиот јазик. Меѓу граѓаните важи за филантроп, личност со духовни вредности, хуманист.
134093877_106219381412185_6914106203035628614_nТодоровски на крајот на минатата година донираше 1500 новогодишни пакетчиња во градинките Гоце Делчев – Миладиновци и Гоце Делчев – Илинден, како и во основните училишта Гоце Делчев – Илинден, Ристо Крле – Кадино и Браќа Миладиновци – Миладиновци со честитки за среќна и успешна Нова Година.

237088025_237308871639795_6996110118401240286_n

Годинава пак Александар донираше фрески со големина од 30 метри квадратни посветени на Пресвета Богородица -Ширшаја и Благовештение на Пресвета Богородица, а денеска, на првиот школски ден, на најмладите ученици им подари школски прибор со порака за успешна учебна година .

241135484_243425901028092_5494796026633289665_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e