Кои привилегии ќе ги добие Иванов по завршувањето на претседателскиот мандат?

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов побарале информација од Службата за општи и заеднички работи колкав е буџетот што му следува на Кабинетот на претседателот по завршување на мандатот и во  рамки на тој буџет кои се спецификите за формирање на кабинет на поранешен претседател, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„СОЗР има одговорено повратно на информацијата дека тој Буџет е во висина од осум проценти од годишниот Буџет предвиден за институцијата Претседател на Република Северна Македонија и оти во рамки на тој буџет Кабинетот на претседателот треба да поднесе барање до СОЗР за деловни простории итн.  До вчера вакво барање не  е поднесено“ рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Според Законот за претседател, претседателите на кои им завршил мандатот имаат право:

– на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на Република Македонија,

– на канцелариски простор и најмногу до три стручни лица,

– на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.

– да учествувана државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија.

– на материјални трошоци за потребите при остварувањето на неговите активности.

Целиот текст на ТВ НОВА на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e