Во изминатите неколку дена по социјалните мрежи се споделуваа фотографии од повозрасните лица и пензионери како чекаат пред банки, а јавноста ги осуди со негативни коментари.
Но тие можеби и подобро од нас помладите знаат што треба да прават во ваква вонредна ситуација, особено кога станува збор за тоа како да го „потрошиме“ времето поминато во изолација.
Фотографија од домашната карантинска работилница на еден брачен пар се појави на Фејсбук. Тие изработуваат заштитни маски и ги подаруваат, а фотографијата ја сподели нивната ќерка со апел кому и да му требаат, слободно да ги контактира. Секоја чест.