Дејан Докиќ од денеска ќе директорува до Клиника за пулмологија и алергологија, Софија Пејкова со пластична и реконструктивна хирургија. Тие се дел од шестте нови директори чии решенија штотуку ги потпиша министерот за здравство Арбен Таравари.
За директор на Клиника за торакална и васкуларна хирургија е назначен Неџати Јакупи, со Клиниката за уво, нос и грло ќе раководи Јане Нетковски.
Во болница во Гостивар нов директор е Гојарт Сулејмани, а во Здравствениот дом во Штип назначена е Снежана Трајковска.