Ќе се види ли денес прагматизмот и реализмот на Коѕијас во Охрид?

Откако вчера во Охрид на аеродромот Апостол Павле слета грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, денес се очекува целосна и детална средба со неговиот македонски колега Никола Димитров, при што ќе се разговара детално за следните чекори во изнаоѓање на решение околу спорот за името. Досега македонската страна прикажа највисоко ниво на конструктивност и посветеност и таквите заложби се јасно детектирани од меѓународните партнери кои се надеваат дека решение ќе има по што Македонија ќе може да го продолжи својот пат кон НАТО и Европската Унија.

Добар знак е и тоа што министерот Коѕијас драстично ја промени својата реторика во медиумите и во пресрет на средбата во Охрид, од неговата посета на Белград даде многу „прибрана“ изјава во која посочи дека прагматизмот и реализмот се клуч во наоѓање на решение.

Целиот текст на порталот Фактор можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e