За државната матура во августовскиот испитен рок се пријавиле 1.802 ученици, информира Државниот испитен центар.
На 15 август ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик турски јазик и литература.
На 16 август 88 кандидати ќе полагаат математика.
На 17 август ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1294 кандидати, француски јазик и германски јазик по 4 кандидати и 1 кандидат руски јазик.
На 18 август ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 199 кандидати, историја 218, биологија 82, филозофија 143, хемија 4, физика 7 и естетика 14.
Испитите ќе се реализираат на 11 локации во Република Македонија.
Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.
Испитите почнуваат во 10 часот.