Ќе се носи ли законот за Јавно обвинителство без гласовите на ВМРО -ДПМНЕ е тема која се наметнува по средбата на американскиот амбасадор во земјава Кејт Брнс, во која таа им посочила дека носењето на законот за Јавно обвинителсто е клучен и ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење?
Носењето на Законот за Јавно обвинителство е еден од клучните закони кои Европската Унија, а најконкретно Франција, го бара како услов за почеток на преговорите со Европската Унија. Сепак, и покрај оваа итност од носењето на Законот кој за Македонија ќе значи брз почеток на преговорите, носењето на Законот е на некој начин опструирано од страна на пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ и власта не може заедно со нив да собере 2/3 мнозинство со цел да се донесе законот. За СДСМ, но и за јавноста се неприфатливи барањата на опозицијата “бомбите” да не бидат дел од новото јавно обвинителсто и да не продолжат случаите за обвиненијата за криминал од висок степен. Да се продолжи со случаите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите бараат и сите меѓународни фактори и борбата против криминалот и корупцијата да продолжи по секоја цена.
Претходно, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека договор со ВМРО -ДПМНЕ е тешко да се постигне и дека ќе бара поддршка од независната пратеничка група на ВМРО -ДПМНЕ.
„Полагаме сериозна надеж кај пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од опозицијата, македонска, албанска од сите политички партии, од парламентарното мнозинство, со цел да се постигне консензус, ако не друго барем за двотретинско мнозинство за овој закон“, изјави Заев.