Ќе се набави нов Мамограф и нов Ехо-апарат за Здравствениот дом во Кр.Паланка

Подобрување на состојбата со кадарот во Здравствениот дом во Крива Паланка и набавка на нова медицинска опрема потребна за обезбедување подобри здравствени услуги на граѓаните, најави министерот за здравство д-р Венко Филипче по работната посета на Крива Паланка.

– На средбата разговаравме за потребите на оваа институција, како во смисла на подобрување на ситуацијата со кадарот, така и во смисла на она што им е потребно како медицинска опрема за подобрување на квалитетот на здравствените услуги на граѓаните на Крива Паланка. Веќе во буџетот на Министерството за здравство за оваа година предвидовме средства за набавка на нов рендген апарат-мамограф како и на нов ехо-апарат, со цел подобрување на нивото и квалитетот на здравствената заштита, изјави министерот Филипче.

27368342_1703416189715563_4741063087916439103_o

На средбата било разговарано и за потребата од кадар за што е предвиден буџет за вработување лекари во Здравствениот дом. Во рамки на еден поголем проект за набавка за болнички возила, во предвид е земен и кривопаланечкиот Здравствен дом.

27355939_1703415143049001_3030696708387811624_o

Посетата на Крива Паланка, министерот Филипче ја оствари заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и е на иницијатива на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој разговараше со двајцата министри за крупните проекти предвидени за реализација во општината во претстојниот период.

26962055_1703415146382334_3838543603298925605_o

27023977_1703415706382278_585847904552651395_o

27164163_1703415546382294_7818474574430343311_o

27368255_1703415963048919_9125268588635322542_o

27355917_1703415396382309_873613028883126773_o

26962512_1703415266382322_912586984421903823_o

27355877_1703416163048899_8124657655160983833_o

19575102_1703416086382240_8074504365284186371_o

27023502_1703415726382276_4513564235310299620_o

27023960_1703416113048904_1097417200390819109_o

27021667_1703416273048888_6256974774688940903_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e