Ќе се гради нова градинка во Волково со капацитет од 175 деца (ВИДЕО)

„Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Алексадар Наумоски продолжуваат со реализација на ветените проекти што се во интерес на граѓаните. Она што го ветивме пред две години, денес станува реалност. По потпишувањето на Договорот со Министерството за труд и социјална политика, Волково добива нова, најсовремена детска градинка со капацитет од 175 деца“, соопштија денеска од СДСМ.

„Со ова се надминува долгогодишниот проблем со недостаток на градинки во овој дел од општината, но и позитивно ќе се влијае врз унапредување на квалитетот на живот на граѓаните на Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Стопански двор“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e