Ќе има ли локални избори? Еве ги ставовите на партиите

Партиите растрчани, анкети, конкурси, кандидати – за локални избори се подготвуваат сите, но сите со задршка колку реално ќе ги има.

Висок владин функционер за ТВ 24 е децидиен, на 15 октомври Македонија ќе трча на локални избори. Од друга страна пак партиски извори од СДСМ брифираат дека има дилеми – колку до шести август до кога ќе се распишат изборите реално како што велат ќе биде превземена власта во сите ешалони. Според истите извори, размислувањата се движат од тоа изборите да се одржат н а15ти, да има благо одлагање од еден месец или пак да бидат одложени за на пролет. Сепак мнозинството засега според истиот извор е дека политичката клима одговара што побрзо да се истрча на избори.

Дека засега планот е она што е договорено со последното продлжување на мандатот на локалната власт, денеска порачува и собранискиот спикер. Талат Џафери во интервју за МИА вели дека рокот ќе го испочитува.

„Засега нема никаква иницијатива во однос на локалните избори и ако вака останат работите на 6 август е краен рок да ги распишам локалните избори и со тоа да почнат да течат роковите и организацијата во однос на локалните избори и потоа би работеле до почетокот на предизборната кампања до 25 септември.“

Во Мала Речица пак немаат дилеми – 15 октомври ќе се трча на избори. Ахмети веќе ги нацртал контурите на неговите фаворите. Од ДУИ за тв 24 брифираат дека во наредниот период ќе следат консулатции, но дека начално се знаат фаворитите. Според истите извори, план е е Владата да ја напушти Рамиз Мерко и да истрча во Струга, Невзат Бејта и Теута Арифи во Гостивар и Тетово, Чаир останува да виси, бидејќи како што велат тоа место пред изборот на Владата требало да го пополни Бујар Османи, но тоа може да се смени со оглед на тоа наметнувањето на Османи како дел од клучната тројка во македонската дипломатија, затао вели истиот извор сепак крајниот збор ќе го има лидерот Ахмети. Од ДУИ очекуватат дека со коалицискиот партнер СДСМ ќе се договорат за поддршка уште во првиот круг, од партијата на Ахмети очекуваат Заев да не истрча со албанци кандидати.

Во ек на подготовки се и опозициските ВМРО-ДПМНЕ И БЕСА. Од партијата на Груевски велат дека наголемо се прават анкети и се мери популарноста н а кандидатите, во одредени општини најавуваат изненадувања. Од БЕСА не откривата детали, но велат се работи. Од ВМРО -ДПМНЕ  очекуваат изборите да бидат што поскоро а најверојатно со оглед на тоа дека се соочуваат со пад на рејтингот, притисок од внатре за смена на раководството, а тука се и обвиненијата кои им се на товар од страна на СЈО па затоа и им се брза локалните да бидат што поскоро. Во прилог на ДПМНЕ е и тоа што владеачката СДСМ засега не успева да смени најголем дел од кадрите кои беа поставени токму од ВМРО – ДПМНЕ.

Дека државата се подготвува за избори и тоа е првиот сериозен тест што ќе треба новата Влада да положи пред Брисел порача и вицепремиерот за евроинтеграции.

„Изборите ќе бидат првиот тест дали оваа влада е вистинска и тоа ќе биде нашиот предизвик.“ – изјави Бујар Османи.

Подготовкиите ги почна и ДИК, денеска на седница расчисти со формалности околу локалните избори.

Извор: 24 телевизија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e